Стружани утре почнуваат со припреми, повратникот Николиќ ново име

Струга е последниот суперлигаш кој ќе започне со подготовки за новата сезона. Екипата ќе се собере во текот на утрешниот ден и по само една недела тренинзи, ќе игра на турнирот кој го организира на „Женска плажа“ (12-16 август). 

Богдан Николиќ од Бутел Скопје е првото засилување на Струга. Црногорецот се враќа во средината во која беше една сезона пред да се пресели во Скопје. Претходно, средниот бек настапуваше и во Пелистер. 

Главна цел на стружани ќе биде добро да се подготват и грчевито да се борат за опстанок во Суперлигата. Ждрепката ги однесе во групата А, заедно со Јуниор Кисела Вода, Астраион, Голден Арт КЛ7, Охрид, Радовиш, Пролет.

Во првото коло стружани се слободни, а во второто го пречекуваат Јуниор Кисела вода.