Струмица надиграна, одбојкарското дерби за Штип

Седмото коло од плеј-офот во одбојкарскиот шампионат беше затворено со дербито меѓу Струмица и УГД Штип. Фаворитите за трофејот во домашното првенство го оправдаа епитетот дерби, одиграа возбудлив натпревар на кој победата ја однесе тимот од Штип со 3-1 во сетови (25-12, 25-13, 21-25, 25-9).

Штипјани доминираа во поголемиот дел од средбата, а единствениот пад во играта го имаа во третиот сет. Односно одбојкарите на Струмица влегоа решително во овој сет да не му дозволат на ривалот лесно да си замине со трите бода. Од почетокот до крајот на сетот имаа контрола и заслужено намалија на 2-1. Сепак во последниот период од играта Штип УГД превзема иницијатива и го затвори дуелот.

На останатите натпревари од ова коло Борец со 3-1 славеше над Сушево, а со идентичен резултат заврши и натпреварот меѓу Работнички и Универзитет во Тетово.