Струмица чека ракометно лудило, пуштени билетите за Куп-завршницата

Струмица се подготвува за спектаклот во завршницата од Купот на Македонија, а Ракометната федерација веќе ги пушти во продажба билетите за натпреварите кои ќе се играат во салата „Парк“.

Влезниците можат да се купат преку продажната мрежа на „МкТикетс“. Љубителите на ракометот ќе имаат можност да проследат шест натпревари во машка и женска конкуренција, додека на паркетот ќе продефилираат најдобрите ракометни екипи од Македонија. 

Полуфиналните мечеви кај мажите се играат в петок, 17 април, а ден подоцна во женска конкуренција. Финалните мечеви се на програмата в недела, 19 април - 20:00 часот кај мажите и 17:00 часот кај дамите. 

Со еден билет ќе може да се проследат полуфиналните натпревари од машката и женската програма, кои ќе се одиграат на 17 и 18 април. Од Ракометната федерација порачуваат дека информации за финалните билети, ќе бидат дополнително објавени.