Струга започна моќен проект: Потпишаа Танкоски, Георгиевски, Петров...

Струга благодарние на откажувањето на Пролет од натпреварување во елитата, успеа да остане во Суперлигата и полека гради конкурентен тим.

Клубот од крај езерото се засили со Дарко Георгиевски, Марио Танкоски, Мице Шилегов, Костадин Петров, Христијан Крстаноски, Пеце Рајатоски и Мартин Јованоски, а се очекува да пристигнат уште неколку засилувања.

Со подигнувањето на проектот Струга ќе се обиде да ги отфрли „темните облаци“ и борбата за опстанот во Суперлигата. Тимот поседува неспорен квалитет и ќе се обиде да ги нападне помирните позиции на средината на табелата. 

Новата сезона во мак-ракометот почнува на стартот на септември.