Струга во драматичен финиш го совлада ослабениот Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Струга му се реваншираа на Еурофарм Пелистер 2 за поразот пред десетина дена на домашен терен. Денешниот тест во Битола заврши со тесен триумф од 22-23 (10-10) за стружани, по натпревар во кој одлуката падна во последната минута.

Најнапред Пеце Рајатовски погоди за водство на гостинската екипа, а потоа ударот на Дрогришки го одбрани Мартин Јовановски. Момците на Јовиќ подобро отворија и одиграа подобро прво полувреме, а гостите се наметнаа во продолжението. 

Пријателски натпревар:
Еурофарм Пелистер 2 – Струга 22-23 (10-10)

Спортска сала „Јован Калаузи“ - Битола
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски (Битола)

Еурофарм Пелистер 2:
Ивановски, Бардакоски, Дрогришки 6, Блажевски, Петровиќ 6, В. Димитровски 2, И. Димитровски 1, Петровски 1, Пав. Атанасијевиќ 2, Пет. Атанасијевиќ, Белистојановски 3, Митревски 1, И. Јовановски, Југовски
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 2 минути

Струга:
М. Јовановски, Затаракоски, Јанкулоски 2, Лакичевиќ 3, Илиевски 4, Николиќ 1, Рајатовски 3, Димитријески 2, Костоски 1, Маркоски, Симоноски, Ракоција 5, Пајковски, Цветановски, Крстаноски 2
Седмерци: 2/2
Исклучувања 4 минути

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 заради повреди и болест настапи без Стефан и Јован Талевски, Стоилевски и Арсеновски, а од денес Цветан Кузманоски доби прекоманда во првиот тим на Еурофарм Пелистер.