Струга со стоп на „црната“ серија и со 18 разлика го уништи Борец

Новајлијата во Суперлигата, ракометниот клуб на Струга конечно кажа стоп на црната серија и по пауза од пет натпревари им донесе радост на своите фанови. Во рамки од 10. коло на македонскиот шампионат, избраниците на Андон Бошковски ја оправдаа улогата на фаворит и со убедливи 40-22 славеа на дуелот против „фенерџијата“ Борец. 

Струга, уште од самиот старт покажа дека е жална за бодови и константно го зголемува водството, кое на полувреме достигна +10 (18-8). Во вториот период, иако Бошковски им даде шанса на на сите ракометари, предноста на Струга растеше од минута во минута, за на крај да застане на убедливи +18 (40-22).

Христијан Крстаноски со шест гола, како и Александар Тренчевски и Стефан Трпчевски со по пет погодоци беа најпрецизни во победничкиот табор, додека кај велешани се најрасположени беа Кристијан Ристов со осум и Димитар Минов со четири гола. 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 14 12 2 0 486:350 136 38
2 Охрид 2013Охрид 2013 14 12 1 1 404:313 91 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 14 10 1 3 379:340 39 31
4 Пролет 62Пролет 62 14 9 2 3 440:371 69 29
5 РадовишРадовиш 14 7 1 6 412:408 4 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 14 6 0 8 385:417 -32 18
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 14 4 2 8 358:379 -21 14
8 Металург 2Металург 2 14 2 1 11 397:473 -76 7
9 РаботничкиРаботнички 14 1 1 12 399:504 -105 4
9 СтругаСтруга 14 1 1 12 323:428 -105 4