Струга се засили со Славиша Димитријески

Поранешниот ракометар на Охрид, Славија Димитријески на крајот од зимскиот преоден рок го напушти Охрид и ја засили екипата на Струга.

Искусниот играч ќе биде големо засилување за стружани во борбата за опстанок во елитното ракометно друштво. Димитријески е трет нов ракометари во Струга. На клубот претходно му пристапија Пеце Рајатоски и Црногорецот Самид Мекиќ.

Струшкиот ракометен клуб пролетната полусезона ја стартува викендов на домашен терен против Металург, а потоа гостува во Охрид.