Струга се распадна во вториот дел и запиша убедлив пораз кај Пролет

Тинекс Пролет го одбрани домашниот терен и ја надигра Струга (23-15) во рамки од 7. коло од македонската Суперлига.

  • Комплетниот натпревар меѓу Пролет и Струга: 

Разликата во првиот дел се случи во последните неколку минути. До тој момент, екипите постојано го менуваа водството и не успеваа да се наметнат над својот противник.

На крајот домашниот тим успеа да обезбеди минимална предност на пауза (12-10). Тоа му овозможи послободно да влезе во продолжението. Гостите постојано беа во негатива и бркаа резултат, па тоа им донесе дополнителна тежина и притисок во второто полувреме. Пролет се одлепи на осум гола разлика, по една одлична серија од 12-2. Одличната игра во одбрана на домашните ракометари беше клучна за победата, која на крај беше извојувана на убедлив начин.

Палевски со девет гола беше најефикасен на теренот и кај домаќинот, а кај гостинскиот тим со три погодоци завршија Николиќ, Димитријески и Јанкуловски.