Струга нема услови за домашен терен, ќе го пречека Еурофарм Пелистер во Битола

Наместо во „Нико Нестор“ во Струга, суперлигашкиот дуел меѓу Струга и Еурофарм Пелистер попладнево ќе се игра ви Битола. На барање на стружани, кои имаат проблеми со салата, дуелот е преместен во „Боро Чурлевски“, каде во улога на домаќини ќе бидат баш гостите.

Влезот за натпреварот, кој почнува од 13:00 часот, е слободен и се очекуваат љубители на ракометот во Битола, во дуелот кој е подготовка за клучниот натпревар од Лигата на шампионите, в среда против Висла. Предвидено е по подолга пауза во тимот на Еурофарм Пелистер да настапи Ненад Костески.

Попладнево се играат уште три натпревари од 13. коло, натпреварот на Радовиш и Алкалоид е одложен за вторник, а на Пролет и Тиквеш за среда.