Струга и без грузиските засилувања пресилна за Борец

Ракометарите на Струга ја остварија првата победа по кам-бекот во Суперлигата, откако славеа на гостувањето кај ГРК Борец во Велес со 24-29. Иако не беа комплетни, без странските засилувања од Грузија, Цителишвили и Арвелоди, сепак момците на Андон Бошковски ги прокнижија првите бодови.

Во првиот дел стружани поведоа со 1-6 и веднаш најавија кој е кој на овој натпревар. До паузата обезбедија водство од 9-15, а во вториот дел домашните успеаја во неколку наврати да стигнат до - 3, но немаа за сили за нешто повеќе и Струга рутински го затвори мечот со конечни 24-29.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа крилата Цветан Кузманоски со 13 погодоци и репрезентативецот Ненад Костески со шест погодоци, додека во составот на Борец се истакна Димитар Минов со осум погодоци и Стефан Николиќ со пет. гола

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 14 12 2 0 486:350 136 38
2 Охрид 2013Охрид 2013 14 12 1 1 404:313 91 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 14 10 1 3 379:340 39 31
4 Пролет 62Пролет 62 14 9 2 3 440:371 69 29
5 РадовишРадовиш 14 7 1 6 412:408 4 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 14 6 0 8 385:417 -32 18
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 14 4 2 8 358:379 -21 14
8 Металург 2Металург 2 14 2 1 11 397:473 -76 7
9 РаботничкиРаботнички 14 1 1 12 399:504 -105 4
9 СтругаСтруга 14 1 1 12 323:428 -105 4