• Мартин Танасковски

Екипата на Струга и следната година ќе игра во најдобриот македонски ракометен шампионат, затоа што славеше над Мулти Есенс (24-19) во рамки на баражот за опстанок во Суперлигата кој се одигра на неутрален терен во Прилеп.
- Комплетниот натпревар меѓу Струга и Мулти Есенс:
Стружани до победата дојдоа во второто полувреме. Првиот дел се играше во егал, двата тима цело време беа близу, а на паузата беше 12-12. Разликата Струга ја направи на стартот на вториот дел кога со четири гола во низа се одлепи на 16-12.
Мулти Есенс се обиде да се врати во мечот, во еден момент дојде на минус два (21-19), имаше и напад за минус од еден гол, но по промашувањето, стружани се вратија во претходниот ритам и заминаа на 24-19 на три минути пред крајот, што беше доволно за победа.
Најдобар стрелец кај стружани беше Ненад Костоски со девет гола, додека Филип Пајкоски погоди пет пати, а кај Мулти Есенс, се истакна Христијан Гурмешевиќ со шест гола, пред Филип Насевски со четири реализации.