• Иван Димовски

Ракометниот клуб Струга размислува за иднината и му даде прв професионален договор на талентираниот Војо Клењоски.
Иако има само 15 години, младиот ракометар потпиша четиригодишен договор со клубот. Стружани покажаа дека размислуваат за иднината и веруваат во талентираните момчиња од својата школа.
Очекувањата во Струга од Клењоски за иднината се доста високи.
Инаку, стружани ја завршија сезоната на претпоследното суперлигашко место и попладнево ќе играат бараж за опстанок против Мулти Есенс.