Струга го слави Мечкароски, го победи Куманово со гол во последната секунда!

Ракометарите на Струга се изборија за триумф над Куманово (26-25) во натпреварот од седмото коло на Суперлигата, но за да ги впишат бодовите, мораа да работат напорно буквално до последната секунда. 

  • Комплетниот натпревар помеѓу Струга и МРК Куманово: 

Видовме тврд и неизвесен меч, на паузата домаќинот имаше само гол позитива (16-15), а во второто понеефикасно полувреме бевме сведоци на голема борба до самиот крај. Стружани се изборија за победа со брз противнапад во последната секунда, кој го круниса Филип Мечкароски, и донесе втор сезонски триумф за својот тим. 

Куманово беше на прагот да освои бод, но ризикуваше во последниот напад и дозволи брза контра на противникот. Најдобар поединец кај победниците беше Наум Костов со осум голови, а во екипата на Куманово ист учинок имаше Огњен Радојчиќ.