Струга го остави Радовиш најдолу во плеј-офот

Екипата на Струга се врати на второто место на плеј-аут табелата со победа на гостински терен кај Радовиш (22-28), кој, пак, останува најслабиот тим во разигрувањето за опстанок во Суперлигата.

  • Комплетниот натпревар меѓу Радовиш и Струга:

Уште од самиот старт на натпреварот тимот на Жарко Ферукоски презеде темпо на игра и имаше предност. Маркоски, Јанковски и Бајрактаревиќ имаа добар старт и донесоа 1-4 за стружани и Радовиш беше ставен во позиција константно да брка резултат.

Сепак, домашниот тим не можеше да парира на Струга. Во средината на првиот дел беше 4-10 за гостинот, а до паузата Радовиш го преполови минусот (9-12). Во финишот на второто полувреме се решија дилемите околу победникот, со две мини-серии кои ги реализира Струга.

Најдобар кај победникот беше Бајрактаревиќ со седум гола, а шест имаше Јанкоски, додека Блажески погоди пет пати. Кај Радовиш, Каковски, Органџиев, Ристов, Трајчевски, Постолов имаа по три гола.

За Струга ова беше трета победа во плеј-аутот, втора над Радовиш. Претходно тимот славеше и над Скопје 2020. До крајот на актуелната сезона има уште две кола.