Штробел заминува во пензија: Ја донесов конечната одлука

Мартин Штробел, членот на Балинген и репрезентативец на Германија, најави крај на својата богата кариера. 

Без оглед на можното прекинување на Бундеслигата поради пандемијата на коронавирус, Штробел истакна дека ја донел конечната одлука и заминува во пензија.

„Сите ме прашуваа дали можам да играм уште една сезона, но јас ја донесов конечната одлука“, вели репрезентативниот бек.

Клубовите од Бундеслигата кон почетокот на мај треба да ја дознаат судбината на оваа сезона. Доколку не се пронајде решение за продолжување, многу веројатно истата ќе биде предвреме заврешена, каков што беше примерот во повеќето држави ширум Европа.

33-годишниот Штробел својата богата кариера ја започна токму во Балинген, а од 2008 до 2013 го носеше дресот на Лемго, по што се врати во Балинген.