• Горан Упале

Ракометарот на ГРК Охрид, Тилен Стрмљан, најавува тежок и неизвесен натпревар против Алкалоид во рамки на седмото коло од плеј-офот во македонскиот шампионат.
Охриѓани ги очекува нов предизвик во напорниот ритам на натпревари, а Стрмљан потенцира дека клучно ќе биде тимот најпрво добро да се регенерира, а потоа да прикаже борбена игра на теренот.
„Повторно нè очекува еден тежок натпревар против екипата на Алкалоид. Имаме напорен ритам на натпревари, така што прво мораме да се регенерираме, па во вторник да покажеме срце на терен. Натпреварот ќе биде интересен, затоа ги повикувам нашите навивачи да ни се придружат и да ни пружат поддршка која сигурно ќе ни биде потребна“, изјави Стрмљан.
Натпреварот меѓу Алкалоид и Охрид се игра во вторник со почеток од 18:00 часот во салата „Автокоманда“.







