Странците од Куманово го изрешетаа Еурофарм Пелистер 2

Екипата на МРК Куманово направи чекор напред во борбата за опстанок во Суперлигата со домашната победа над Еурофарм Пелистер 2 (29-23) во рамки на плејаутот.

Кумановчани имаа одлично прво полувреме по кое водеа 14-9 и по кое беше полесно да се чекори кон победата. Главниот збор над ривалот од Битола го имаа странските ракометари кои заедно комбинираа вкупно 20 гола.

Најдобар стрелец на мечот беше Огњен Радојиќиќ со осум гола, а го следеше Алекса Радичевиќ кој даде шест гола, исто колку и Наум Костов. Кај младите битолчани најистакнат беше Алем Хаџиќ со пет реализации.

  • Комплетниот натпревар меѓу Куманово и Еурофарм Пелистер 2:

Куманово со оваа победа го презеде второто место на табелата од Еурофарм Пелистер 2 и е на првата безбедна позиција. „Зелените“, пак, паднаа на местото кое води во баражот.