ВИДЕО: Столе влезе во конфликт со публиката, Борозан провоцираше и го налути Кузмановски! 

Екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар одиграа крајно коректен и возбудлив натпревар во Битола, кој заврши со победа на „црвено-црните“ со минимални 34-35.

Со две навивачки групи и полна сала немаше ниту еден инцидент во текот на сите шеесет минути, но откако Вардар почна лудо да ја прославува заслужената победа – пристигнаа и првите искри на битолскиот паркет.

Сè започна со една расправија меѓу Стојанче Стоилов и дел од битолската публика. Дури еден навивач влезе во теренот да се пресмета со македонската легенда, но беше спречен од обезбедувањето. Следуваше непотребен потег на Вуко Борозан и провокација со подигнат дрес на Вардар, која дополнително ја налути битолската публика, а особено капитенот на пелистерци Кузмановски.

За среќа, искрите и тензиите на паркетот не траеја долго и актерите на средбата се упатија кон соблекувалните.