Столе Стоилов направи операција на носот и ги реши проблемите

Македонскиот ракометен репрезентативец и член на Вардар, Столе Стоилов, ги реши проблемите со дишењето откако направи операција на носот.

Станува збор за рутинска операција на искривување на носната преграда, која ја изведе д-р Александар Лазаревски од „Аџибадем Систина“. Докторот истакна дека операцијата кај Стоилов била неопходна затоа што како професионален спортист проблемите при дишењето на нос влијаат на физичката кондиција.

Стоилов, пак, истакна дека проблемите кои ги имал со носот долго време му правеле потешкотии како професионален спортист, но сега по интервенцијата се чувствува одлично и среќен е што го надминал овој проблем.

Вардар се очекува да стартува со подоготовки во средината на месец јули, но се ќе зависи со пандемијата поради коронавирусот.