ВИДЕО: Столе со магична „ШРАУБА“ ја крена публиката во Брест на нозе!

Gol.mk на SEHA Final 4

Кога на Вардар му беше најтешко и Мораеш заработи директен црвен картон заради удар во лице, Стојанче Стоилов влезе во игра и веднаш покажа дека знае да игра финалиња.

Капитенот на вардарци со ретко видена атракција, негледајќи го голот и од свртување, ја погоди мрежата на Кастелиц за 9-9.

  • Супер-голот на Стојанче Стоилов: 

Вчера во полуфиналето македонскиот репрезентативен кружен напаѓч постигна седум гола и пак еден од нив беше гол на натпреварот.