Стојковска игра брилијантно во Германија, со осум гола донесе голема победа за Цвикау

Екипата на Цвикау, за која настапува македонската ракометарка Симона Стојковска, продолжува со фантастичните партии во втората Бундеслига и синоќа ја запиша една од најзначајните победи во досегашниот дел од шампионатот.

Цвикау со убедливи 33-25 славеше над Солинген, а овие три бода, како и поразот на Берлин, донесоа и скок на бундеслигашката табела и сега тимот на нашата ракометарка е лидер со 31 бод и моментално е во најповолна ситуација за влез во германската ракометна елита. 

А, на мечот против Солинген на паркетот повторно блесна Стојковска, која имаше брилијантен настап и со своите осум гола беше најпрецизна и најзаслужна за победата на својата екипа. 

Инаку, Симона игра одлично во текот на целата сезона, а наградата за тоа пристигна пред неколку дена, кога нејзиното име е дел од списокот на селекторот на женската сениорска репрезентација, Симе Симовски за претстојниот квалификациски турнир за Светското првенство.