Стојчевиќ прво засилување за Пролет, клубот го задржа и Василевски

Ракометниот колектив Пролет го комплетира првиот трансфер за следната сезона во Суперлигата. 

Ново име во таборот на скопскиот тим е Стефан Стојчевиќ кој потпиша двегодишен договор. Станува збор за младо момче кое доаѓа од редовите на Алкалоид, а претходно играше и за Бутел. Стојќевиќ е кружен напаѓач кој игра во два правци, па во тимот на Пролет дојде како потенцијална замена за Арсеновски и Крстевски кои заминаа. 

Освен аквизицијата на Стојчевиќ, екипата на Пролет успеа да задржи уште едно име во тимот. Се работи за Александар Василевски, искусниот лев бек кој и следната сезона ќе ги брани клупските бои. Василевски е доста важен дел од тимот на Александар Јовиќ бидејќи игра и квалитетна одбрана. 

Пролет најави дека е во преговори со уште неколку ракометари за засилување на актуелниот ростер за новата сезона.