Стојановски: Успех кај Тиквеш може да ни донесе многу

Ракометарите на Пролет го стартуваат вториот круг од Супер-лигата со дуел со директен ривал за влез во плејофот, гостувајќи во Кавадарци на тимот на Тиквеш. Избраниците на Матлиески во првата рунда сезонава ги совладаа кавадарчани, успех што ќе се обидат да го повторат и на теренот на противникот.

Андреј Стојановски е еден од младите ракометари на Пролет кои максимално ја користи минутажата што ја добива, преземајќи се позачајна улога во скопскиот суперлигаш

„Релативно сум задоволен од првиот дел како и на личен така и на екипен план но сепак можевме да имаме поразличен исход на некои натпревари. Имаме уште половина од регуларниот дел за да ги поправиме сите тие грешки и недостатоци и да ја оствариме нашата цел - пласман во плеј-оф“, изјави Стојановски.

Тој е свесен дека кавадарчани се многу поопасни кога играат на домашен терен, а пред Пролет ќе биде исклучително тешка задача.

„Натпреварот со Тиквеш нема да биде ист како оној во првото коло, сега сме на гостински терен и знаеме каква атмосфера не очекува таму. Долго се подготвувавме за овој дуел бидејки победа може да ни донесе многу. Двете екипи се познаваме и немаме што да сокриеме.  Треба да влеземе максимално уште од првата минута и да бидеме сконцентрирани сите 60 минути за да издвојуваме победа.“, истакнува Андреј Стојановски.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Пролет 62 се игра во сабота, со почеток од 19:45 часот.