Стојановски, Милошески и Стојаноски се појавија на прозивката на Голден Арт

Прволигашот Голден Арт ги стартуваше подготвоките за пролетниот дел од сезоната, во која настапува со амбиции за враќање во најквалитетното ракоемтно натпреварување во државата. Следува период на интензивни тренинзи, за максимална психо-физичка подготвеност на играчите. На првата прозивка на тренерот Никола Матлиески и помошникот Филип Глигиров на ракометарите им беше посочено да продолжат со истото темпо и професионалниот пристап кој го покажаа и во првиот дел од првенството, за што подобар учинок кон патот до зацртаната цел.

На првиот собир на играчите им се обрати и претседателот на клубот, Сашко Даев, потенцирајќи ја максималната поддршка кон остварување на поставените цели, а притоа држејќи се до политиката на клубот, ростерот да го составуваат 100% македонски играчи.

Голден Арт изминатите денови промовираше три засилувања за пролетниот дел од сезоната, на позициите лев бек, лево крило и кружен напаѓач во имињата на Христијан Милошески, Зоран Стојановски и Кристијан Стојаноски. Исто така, во првиот тим се прекомандувани уште неколку играчи од кадетскиот тим на клубот, кој оваа година успешно настапува во кадедската лига, оставруваќи три победи, без забележан пораз.

Паралелно со првиот тим, со тренинзи стартуваше и младинскиот погон на клубот. Голден Арт најави дека и понатаму ќе инвестира во младинските категории, со цел создавање квалитетни услови за тренинг, очекувајќи индивидуален напредок на младите играчи и во иднина нивно инкорпорирање во првиот тим во клубот.