• Иван Димовски
Македонскиот ракометен тренер Раде Стојановиќ беше промовиран во својот нов клуб, Тримо Требње. Селекторот на младинската репрезентација на Македонија ќе ја продолжи клупската кариера во словенечкото првенство.
<<< - ПОВРЗАНО - Стојановиќ е нов тренер на Тримо Требње, промовиран и Лесјак
Ова ќе биде кам-бек за Стојановиќ во Тримо Требње каде што мина период од играчката кариера. Освен за Тримо, македонскиот стратег играше и за Козина и Горење во Словенија.
„Верувам дека ќе бидеме тим кој се бори. Целите на Тримо остануваат исти како и во минатите години. За мене историјата се повторува во Требње. Пред многу години Стане Север ме доведе тука како играч, а денес неговиот син Миха како тренер“, изјави Стојановиќ.
Заедно со Раде Стојановиќ беа промовирани и три засилувања за следната сезона. Едното од нив е добро познато име во мак-ракометот, Урбан Лесјак, кој неодамна замина од Еурофарм Пелистер. Покрај словенечкиот голман пристигнаа уште Јанеж Гучек и Матиц Пип.