Стојановиќ: Пелистер не е наивен, цел ни е да ја повториме играта од мечот со Работнички

Ракометарите на Охрид, утре попладне во спортската сала „Боро Чурлески“ во Битола ги очекува дерби натпревар од третото коло на Суперлигата против тимот на Пелистер.

Новиот тренер на Охрид, Раде Стојановиќ е претпазлив и не ја прифаќа фаворитската улога.

„Пелистер, иако последен се екипираше, успеа да направи состав за респект. Кога на сето тоа ќе се додаде поддршката од домашната публика, можам да кажам дека ни следи тежок натпревар. Наша цел е да ја повториме играта, пристапот и борбеноста од дуелот со Работнички и да извојуваме победа. Проблем со повредени ракометари немаме и сите ќе бидат во комбинација за настап на дуелот со Пелистер“, изјави тренерот на Охрид, Раде Стојановиќ.

Во пресрет на средбата, Пелистер се засили на пикерската позиција доведувајќи го Игор Трајкоски од тимот на Струга, кој го зафати финансиска криза. Охрид и Пелистер по два одиграни натпревари во Супер лигата имаат идентичен скор од една победа и еден пораз.

 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 6 5 1 0 205:150 55 16
2 Пролет 62Пролет 62 6 4 2 0 177:163 14 14
3 Охрид 2013Охрид 2013 5 4 0 1 135:110 25 12
4 Бутел СкопјеБутел Скопје 5 4 0 1 143:122 21 12
5 РадовишРадовиш 6 3 0 3 190:183 7 9
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 6 2 0 4 156:185 -29 6
7 ПелистерПелистер 5 1 2 2 117:123 -6 5
8 РаботничкиРаботнички 5 1 1 3 147:171 -24 4
9 СтругаСтруга 6 0 1 5 142:168 -26 1
10 Металург 2Металург 2 6 0 1 5 182:219 -37 1