Стојановиќ: Нема да се опуштиме против Вардар Јуниор, иако веќе ја исполнивме целта

Ракометарите на Охрид, денес со почеток во 18:00 часот, на домашен терен против тимот на Вардар Јуниор ќе го одиграат последниот официјален натпревар во 2019 година. „Гладијаторите“, со триумф против младите „вардарци“ математички ќе го заверат пласманот во плејофот и ќе ја продолжат серијата без пораз на 13 натпревари.

Во првиот меч во Скопје, Вардар Јуниор им пружи силен отпор на охриѓани кои мораат добро да се испотат за победата и бодовите. Поучени од тој натпревар, „гладијаторите“ предводени од тренерот Раде Стојановиќ не ги впишуваат бодовите пред да ги освојат на теренот.

„Максимално тренираме и не се опуштаме и за мечот со Вардар Јуниор ќе бидиме целосно подготвени. Екипата на Вардар Јуниор е незгоден ривал, со многу млади ракометари кои тренираат со првата екипа и сигурно ќе сакаат да се надигруваат против нас. Одиме на победа со која ќе ја заокружиме успешната есенската полусезона на Охрид во Суперлигата. На почетокот на сезоната реков дека на тимот му треба време да се воигра и да дише како еден. Во текот на сезоната тоа и се случи, победите се нижеа, а серијата без пораз кажува дека клубот е на добар пат. Со речиси и теоретскиот пласман во плеј-офот ја реализиравме првична цел на клубот, а следната година кога ќе продолжат мечевите од Суперлигата ќе видиме што имаме уште нешто да покажаме. Екипата има уште што да каже и сигурен сум дека ова не е најдоброто од нас“, изјави Стојановиќ.

Охрид веројатно ќе преземи на второто место, веднаш зад Металург, а единствениот пораз есенва го претрпе од Пролет во Скопје. 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 15 13 2 0 515:374 141 41
2 Охрид 2013Охрид 2013 15 12 1 2 424:335 89 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 16 12 1 3 429:377 52 37
4 Пролет 62Пролет 62 16 11 2 3 510:412 98 35
5 РадовишРадовиш 15 7 1 7 432:441 -9 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 16 7 0 9 430:477 -47 21
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 15 5 2 8 391:396 -5 17
8 Металург 2Металург 2 16 2 1 13 437:525 -88 7
9 СтругаСтруга 15 1 1 13 347:457 -110 4
10 РаботничкиРаботнички 15 1 1 13 416:537 -121 4