Стојановиќ го скрати списокот, познати патниците на младинското ЕП

Репрезентацијата на Македонија до 20 години ќе настапи на Европското првенство кое ќе се одржи во јуни во Словенија

Селекторот Раде Стојановиќ го скрати списокот на ракометари за настап на турнирот следниот месец. Од 35 имиња, на списокот останаа 21 ракометар на кои предводникот ќе смета на младинскиот континентален собир. Стојановиќ главно ќе смета на домашен производ, бидејќи на списокот има само двајца „странци“ односно Давид Брестовац кој брани во Германија и Стефан Атанасов кој игра во Словенија. 

  • Список на ракометари за младинското ЕП:

 

Македонија на Европското првенство за играчи до 20 години кое ќе се одржи од 10 до 21 јули ќе игра во групата А заедно со селекциите на Австрија, Хрватска и Црна Гора.