Стојановиќ го напушти Металург и потпиша за ПАОК

Oткако пред десетина дена грузискиот репрезентативец Иракли Кбилашвили го напушти Металург, се чинеше дека тоа ќе биде последно заминување од победникот на Купот ова лето. Сепак, денес средниот бек  Лука Стојановиќ потврди дека ќе игра во Грција.

Стојановиќ си заминува од Автокоманда за да го облече дресот на ПАОК од Солун. Младиот 22-годишен ракометар потпиша на две сезони со „црно-белите“ и треба да биде големо засилување за солунскиот клуб.  

Се работи за поранешен младински репрезентативец на Србија, кој настапуваше и чешкиот шампионат и за Талент Плзен. На Европското првенство за кадети пред неколку години беше еден од најдобрите поединци во српскиот состав и постигна 33 голови. 

Металург летово комплетно го менуваше тимот и остана без Чантурија, Танкоски, Пецаковски, Арсеновски, Кбилашвили...