Стојановиќ: Ги остваривме целите по првите седум кола, сега ќе бидеме само подобри

Ако не беше поразот во Скопје против Пролет на почетокот од сезоната, Охрид ќе имаше перфектен учинок по доаѓањето на новиот тренер Раде Стојановиќ. По победата над Струга од 10-28, заокружена е првата делница од есенскиот дел на Суперлигата и од охридскиот табор се задоволни со прикажаното и освоените бодови.

Стојановиќ потврди дека против Струга немало потценување, туку со професионален пристап Охрид се наметнал до лесна победа. 

„Најавив и пред натпреварот дека во никој случај нема да ја потцениме Струга и ќе играме без да мислиме на табелата или фаворитската улога. Момците одиграа многу професионално, слушајќи ги моите совети и сакам да им честитам за победата и играта. Сакам да им се заблагодарам на „Рибарите“ за атмосферата и навивањето и за ветарот во грб кои ни го даваат оваа сезона. Во првите седум кола од шампионатот во голем дел ги остваривме нашите цели можеме на некој начин да издишеме. Сега ни следуваат нови предизвици на кои ќе треба да одговориме уште подобро и појако“, смета младиот тренер.

Во следното коло Охрид гостува кај Металург на 2 ноември и тоа ќе биде големо дерби на веројатни најквалитетните екипи во првиот дел од Суперлигата. Следи репрезентативна пауза заради ЕХФ-неделата и четирите контролни натпревари на нашата најдобра репрезентација. 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 15 13 2 0 515:374 141 41
2 Охрид 2013Охрид 2013 15 12 1 2 424:335 89 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 16 12 1 3 429:377 52 37
4 Пролет 62Пролет 62 16 11 2 3 510:412 98 35
5 РадовишРадовиш 15 7 1 7 432:441 -9 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 16 7 0 9 430:477 -47 21
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 15 5 2 8 391:396 -5 17
8 Металург 2Металург 2 16 2 1 13 437:525 -88 7
9 СтругаСтруга 15 1 1 13 347:457 -110 4
10 РаботничкиРаботнички 15 1 1 13 416:537 -121 4