Стоилов: Трајковски нè „уби“ во првиот дел, но потоа го искористивме нивниот замор

Капитенот на СЕХА-шампионот Стојанче Стоилов ги пофали домаќините и амбициозниот проект на Еурофарм Работник, но потенцира дека вардарци сепак се најквалитетниот состав и тоа треба да го покажат на преостанатите осум натпревари.

По триумфот од 28-30 кружниот напаѓач ни изјави:

„Не го потценивме Еурофарм. Едноставно ракометот е непредвидлив и различен е секој натпревар. Благојче Трајковски нè „уби“ со одбраните во првиот дел и тој ја донесе таа огромна разлика. Но, затоа во вториот дел се подигнавме, тие се заморија и Вардар извојува победа. Ми се допаѓа проектот на Еурофарм Работник. Имаат одлична екипа, одличен тренер и само така нека продолжат“.

Спортската сала „Боро Чурлевски“ се очекува да биде полна и за неколку дена кога Вардар ќе гостува против Пелистер во третиот натпревар за „црвено-црните“ и четврти за битолчани во разигрувањето.

Суперлига, ПЛЕЈ ОФ МАЖИ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 10 8 0 2 324:284 40 24
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 10 8 0 2 327:259 68 24
3 МеталургМеталург 10 6 0 4 307:303 4 18
4 ПелистерПелистер 10 3 0 7 285:306 -21 9
4 Бутел СкопјеБутел Скопје 10 3 0 7 271:293 -22 9
6 Пролет 62Пролет 62 10 2 0 8 250:319 -69 6