Стоилов: Сериозно го сфаќаме Кристијанштад, должници сме си!

Столе Стоилов, капитенот на Вардар, слично како и Гонзалес, посакува триумф над Кристијанштад во ЛШ. Во последниот меч од групната фаза вардарци се домаќини, а кружниот напаѓач на македонскиот првак вели дека ракометарите си се должници, затоа што во минатото коло доживеале пораз и сакаат да се „извадат“ пред домашната публика.

„Први сме, веќе ни е осигуран пласманот во четвртфиналето, но сакаме да ја завршиме оваа фаза од ЛШ со победа затоа што сме си на некој начин должници. Доста сериозно го сфаќаме Кристијанштад, знаеме за каква екипа се работи. Ќе истрчаме на терен и ќе пробаме да уживаме и да дојдеме до победата. Што се однесува до четвртфиналето немам посебна желба, кој и да дојде ќе биде тежок противник. Има доста варијанти, за тоа ќе размислуваме кога ќе дојде време“, изјави Стоилов.

Натпреварот меѓу Вардар и Кристијанштад се игра в недела од 17.30 часот.