Стоилов: Сакаме до крајот на групата уште две победи!

Ракометарите Стоилов и Македа одпоздравуваат по победа

Повратникот во тимот на Вардар, по одлежаната суспензија Стојанче Стоилов по тешко остварената победа над шведски Кристијанштад излезе со видување за мечот. Нашиот репрезентативен кружен напаѓач се надева дека оваа победа ќе биде само прва, од низата три до крајот од групната фаза во Лигата на шампионите.

„Кристијанштад се покажа како тврд орев, тие се незгодна екипа,  која што ја краси брзината, нешто што очекувавме и се покажа како точно. Пред овој меч знаевме дека мора да победиме, впрочем по поразот од Рајн Некер Ловен си поставивме цел, да ги добиеме сите три преостанати меча до крајот. Првата пречка е мината,  сега ни останува и следните две, за да ја оствариме целта“, изјави Стоилов.

Победата од 38-36 против екипата која во претходното коло ремизираше со Киелце, покажува колку е тешка и изедначена оваа група во Лигата на шампионите.