Стоилов: Освен што се домаќини, Австријците со ништо друго не ме плашат

Ако Македонија ги повтори првите полувремиња од натпреварите против Украина и Чешка, вечерва може да се надева да ја победи Австрија и да се избори за пласман во главната групна фаза на шампионатот.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Пред шест години Борко ги маѓепса Австријците и ни ја донесе следната фаза

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов не им се плаши на домаќините, напротив - верува дека може да се совлада оваа Австрија. 

„Oва е натпревар во кој ќе видиме кои сме и што сме. И против Чешка не одигравме воопшто лошо, но на вакви натпревари малите детали ја прават разликата, а тие во неделата пресудија во корист на противникот.

Освен што се домаќини, ништо друго не ме плаши од австрискиот тим. Имаат силни шутери, добри крила, но имаме план како да играме против нив“, ни рече.

<<< ПОВРЗАНО - Митревски: Одбраната скоро секогаш ги добива ваквите натпревари

Словенечката двојка, Бојан Лах и Давид Сок, судии со големо искуство на ракометните терени и натпреварувања, ќе ја дели правдата на денешниот натпревар.