Стоилов: Недозволиви се такви грешки, вината за поразот е кај нас

Ракометарите на Македонија го завршија својот настап на третото место од групата Б на Европското првенство, со поразот од Австрија од 32-28. Сепак резултатот не е вистинска слика за тоа што се случуваше на теренот, бидејќи Македонија беше целосно надиграна и на моменти имаше двоцифрена негатива. 

<<< ПОВРЗАНО - Брестовац: Дали со мене или без мене, има многу работа пред сите нас

<<< ПОВРЗАНО - Штета – заврши сонот на ракометната легенда Лазаров за ЛОИ​

По натпреварот пивотменот на Вардар, Стојанче Стоилов, како и секогаш кога е потребно ,беше самокритичен и призна дека вината е кај играчите. Тој смета дека многуте грешки и падови на концетрацијата се клучни за ваквото издание. 

„Незнам што да кажам. Концентрацијата беше на ниско ниво,  имавме многу падови во играта. Недозволиво е на вакво натпреварување да се случуваат такви грешки. Вината е кај нас играчите. Недостигаше концентрација, секој по една грешка ако направи и натпреварот е загубен“, истакна Стоилов.

<<< ПОВРЗАНО - Лазаров: Богатство е да се има вакви навивачи, заслужуваме критика и остануваме должни!

Со овој пораз Македонија освен што го заврши настапот на Европското првенство во Австрија, Шведска и Данска, заврши и сонот за играње квалификации за Олимписките игри. 

<<< ПОВРЗАНО - Борко: Далеку сме од онаа храбра репрезентација што бевме!

<<< ПОВРЗАНО - „Групата за мерак“ за Македонија донесе најлош пласман во историјата на ЕП!​

<<< ПОВРЗАНО - Македонските „лавови“ во решавачкиот момент станаа „мачиња“​