Стоилов: Не дозволивме да се залетаме како што знаеме против Јапонците!

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Ракометната репрезентација на Македонија со посакуван триумф ја отвори групната фаза на Светското првенство (СП) кое се игра во Германија и Данска. Рутински е совладана Јапонија, а по натпреварот Стојанче Стоилов, човекот кој беше прогласен за играч на мечот, истакна дека победата воопшто не била лесна.

„Не се залетавме, тргнавме чекор по чекор. Нема потреба да брзаме, ова е Светско првенство во нов формат. Има многу натпревари. Ја победивме Јапонија резултатски лесно, но не беше така на теренот. Немаме друг избор, мора да одиме чекор по чекор. Задоволен сум од победата, но во одбраната имаме доста да поправиме. Имаме уште еден меч против Бахраин, во кој сме фаворити. Се надевам дека во вториот меч ќе биде полесно, за да добијат шанса сите ракометари и да почувствуваат како е да се игра на големо натпреварувацње“, изјави Стоилов.

Наредниот натпревар на Мундијалот за нашиот национален тим е против Бахреин, за два дена, а дотогаш Раул има во агендата одмор, подготовка и видео скенирање на вицешампионот на Азија. 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0