Стоилов: Најдраг ми е првиот Ф4 во СЕХА, силата ни е во заедништвото!

Капитенот на македонскиот ракометен првак Вардар, Столе Стоилов, е во фокусот на вниманието на СЕХА-лигата. Како учесник на сите завршни турнири со „црвено-црните“, вели дека му е драго што пак ќе има шанса да го напаѓа трофејот, а како најдрага завршница ја потенцира онаа во 2011 година во Загреб, кога вардарци изненадија.

„Чест и задоволство е пак да си меѓу најдобрите четири екипи во регионот. Имаме учество на сите завршници, мислам дека најдраг ми е првиот Ф4-турнир во СЕХА-лигата, на кој влеговме како аутсајдери, но успеавме да ги победиме Металург и ППД Загреб и да станеме шампиони. Она што не краси со години е тимскиот дух и тимската игра. Се што правиме, правиме заедно. Заедништвото е наша најголема сила“, изјави Стоилов.

Вардар оваа година СЕХА-круната ќе ја брани во Брест, а ривал во полуфиналето ќе биде домаќинот Мешков Брест. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат хрватските тимови ППД Загреб и Нексе. Турнирот се игра на 2 и 3 април.

  • Интервјуто на Стојанче Стоилов: 

Најтрофеен клуб во регионалното натпреварување е Вардар, со вкупно четири титули, Веспрем има две, додека ППД Загреб досега се радуваше на еден пехар за прво место.