Стоилов: Монпелје е апсолутен фаворит на натпреварот во Скопје

Европскиот првак Вардар има проблеми со играчкиот кадар, па иако Горбок и Калараш имат настинка и не одработија неколку тренинзи, се очекува да бидат во тимот во сабота.

Капитенот Стојанче Стоилов на денешната средба со новинарите го најави натпреварот на двата последни европски прваци.

„Ситуацијата е таква каква што е. Играме дома против Монпелје, кој е апсолутен фаворит на овој натпревар. Наше е дадеме сè од себе на терен и да се обидеме да извлечеме колку е можно подобар резултат и да ги изненадиме", вели Стоилов.

Вчера во последниот натпревар пред доаѓањето во Скопје, Монпелје тешко извојува победа против Сант Рафаел со 35-34 и остана на четвртото место во францускиот шампионат.