Стоилов: Мешков сакаше со „ќотек“ да нè победи, но Вардар докажа дека е голем тим! 

Gol.mk на SEHA Final 4

Екипата на Вардар ќе има нова шанса да го одбрани СЕХА трофејот, откако во вечерашното полуфинале славеше над домаќинот Мешков Брест и закажа финале со големиот ривал ППД Загреб. 

  • Извештај од натпреварот:

Можеби најдобриот ракометар на Вардар на вечерашниот меч, Стојанче Стоилов не го криеше своето задоволство од новото финале, пред сè заради тоа што истото е обезбедено преку натпревар со домаќинот, кој како што вели тој играл многу грубо. 

„Наидовме на многу груб противник, мислам дека правилата не дозволуваат ваква игра на една екипа, но тоа е што е. Мило ми е што победивме и што повторно ќе играме едно финале на СЕХА лигата. Сега, мораме максимално да го искористиме времето за одмор, бидејќи утре нè чека нов тежок меч против исто така многу цврста и група екипа. Долги години овој Вардар покажува карактер на големите натпревари. Се разбира дека не можеш да играш квалитетно во сите 60 минути, имавме падови, но добро е што подоцна реагиравме како што треба и заслужено се изборивме за ново финале“, рече Стоилов. 

Финалето на овосезонската СЕХА лига е закажано за утре од 19:00 часот, а претходно Нексе и Мешков Брест ќе играат за престиж, односно за третото место. 

>>> ПОВРЗАНО - Карачиќ: Игравме апсолутно против сите, големи честитки до момците