• Александар Ковачев

По победата во првиот натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите на гостински терен во Шведска, капитенот на нашиот шампион Стојанче Стоилов по натпреварот изјави дека еден од најзаслужните за денешниот триумф е голманот Арпад Штербик. Стојанче Стоилов во денешниот натпревар не успеа да се запиши во листата на стрелците, но го издвои клучниот момент во мечот.
„Ова е наш прв натпревар во Лигата на шампионите. Важна победа за нас, на терен каде некои од фаворитите од групата сигурно ќе загубат бодови. Можеби ние не одигравме во нашето најдобро издание, но Арпад Штербик беше тука да нè спаси“, изјави Стоилов.
Во следното коло Вардар на домашен терен го пречекува тимот на Мешков Брест и ќе се обидат да ја продолжат победничката победата. Натпреварот со белорускиот шампион се игра на 1 октомври со почеток од 17.30 часот.