Стоилов: Ќе ни биде тешко да ја одбраниме титулата во Македонија

Македонскиот ракометен шампион Вардар, повторно е во криза, која вчера резултираше со две (не)очекувани заминувања. Павел Атман и Денаис Кристопанс се решија за разделба со „црвено-црното“ семејство и се преселија во Русија, односно Германија, додека според најавите на излезни врати се уште неколку клучни ракометари. 

<<< ПОВРЗАНО - Вардар чека на судбината, може да заврши сезона со само – три ѕвезди!?

Дека нешто не е како што треба во редовите на европскиот првак потврди и капитенот Стојанче Стоилов на денешната прес-конференција пред натпреварот во Лигата на шампионите против Мотор Запорожје.

<<< ПОВРЗАНО - Стоилов: Односот кон нас и кон клубот европски првак е смешен!

Кружниот напаѓач отворено зборуваше за ситуацијата во Вардар, а се осврна и на домашниот шампионат, велејќи дека оваа сезона битката за трофеите може да биде крајно неизвесна. 

„Покрај сите проблеми и настапи во Лигата на шампионите, треба да почнеме да размислуваме и за натпреварите во домашниот шампионат. Мислам дека во овој момент во прашање е и шампионскиот трофеј во Суперлигата. Ќе ни биде многу тешко повторно да ја одбраните титулата. Ростерот ни е лимитиран, а сезоната е долга и напорна, но ќе се бориме до крај“, рече Стоилов. 

Вардар веќе пет сезони со ред е шампион на Македонија, а како најголема закана во плеј-офот му е битолски Еурофарм Пелистер, никако не смее да се отпише и поранешниот првак Металург.