Стоилов: Киелце е познат по провокациите и е тим кој баш сакаме да го победиме!

Збор од таборот на Вардар пред мечот против Киелце во Лигата на шампионите имаше и капитенот Столе Стоилов. Кружниот напаѓач истакна дека тимот е желен за одмазда за поразот во Полска и сака да победи за себе, но и за домашната публика која ќе дојде в сала.

„Дуелот со Киелце ќе биде меч за второто место во групата. Не очекува тежок меч со тежок противник кој има добри играчи. Но, ние играме дома, се подготвуваме максимално и покрај сите проблеми што ги имаме. Не играме само за нас, туку и за целата публика. Ќе биде одлично да победиме. Киелце е тим кој посебно сакаме да го победиме и ќе се обидеме да го направиме тоа. Противникот е познат по провокациите, посебно нивниот тренер, но се надевам дека нема да подлегнеме на истите“, изјави Стоилов.

Киелце по девет одиграни кола е на второто место во групата од ЛШ со 12 бода, пред Вардар кој е третопласиран со 11 бода. Последниот меѓусебен меч во Полска заврши со триумф на тимот на Душебаев (31-27), додека во последниот меч во Скопје, Вардар запиша убедлива победа (40-34).

Лига на шампиони (М), Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БарселонаБарселона 11 10 0 1 386:304 82 20
2 ПИК СегедПИК Сегед 11 8 2 1 323:277 46 18
3 ПСЖПСЖ 11 9 0 2 347:306 41 18
4 АлборгАлборг 11 5 1 5 328:337 -9 11
5 ФлензбургФлензбург 11 4 1 6 291:299 -8 9
6 Целје Пивоварна ЛашкоЦелје Пивоварна Лашко 11 3 0 8 280:335 -55 6
7 ЕлверумЕлверум 11 1 1 9 284:324 -40 3
8 ППД ЗагребППД Загреб 11 1 1 9 263:320 -57 3