• Мартин Танасковски

По крајот на финалето во Купот на Македонија во кое Вардар 1961 го победи Еурофарм Пелистер, коментар на изданието на црвено-црните даде Столе Стоилов. Македонската легенда која е член на стручниот штаб ја коментира победата.
„Имаме поголем ростер, имаме ротација, уште од почетокот на мечот победивме и тоа водство го држевме во текот на целиот меч. Мислам дека почетокот на мечот беше клучен, таму ја направивме предноста која ја држевме цел натпревар. Сега ни следи тежок меч со Тиквеш, потоа ни следи домашен меч со Пелистер. Ќе одиме чекор по чекор, една по една“, изјави Стоилов.
За Вардар 1961, ова беше седумнаесетти трофеј во Купот на Македонија. Во ова натпреварување тимот е убедлив лидер на листата на победници.