Стоилов: Имавме чуден меч кај Елверум, сега сакаме домашна радост

Во име на Вардар 1961 пред натпреварот против Мешков Брест говореше капитенот Столе Стоилов. Кружниот напаѓач ја чека втората средба во Лигата на шампионите оваа средба и истакна дека за изненадување против белорускиот првак ќе им биде потребна помош од трибините.

„Во првото коло одигравме еден чуден меч, можевме да победиме, но можевме и да загубиме. Чекаат три натпревари во серија, првиот од нив е Мешков Брест. Играме дома пред публика по долго време. Имаме новитети во екипата, двајца нови играчи, но се надевам дека ќе одиграме најдобро што знаеме и дека ќе славиме заедно со публиката“, изјави Стоилов.

Во првото коло Вардар одигра реми со Елверум (27-27), а вториот меч од Лигата на шампионите во Скопје е закажан в среда од 20:45 часот.