• Мартин Танасковски
Стојанче Стоилов, капитенот на Вардар, на прес-конференцијата пред дуелот во Лигата на шампионите со Кристијанштад изјави дека „црвено-црните“ ќе имаат навидум лесен натпревар на хартија, но не смее никако да се залетаат и предвреме да мислат дека ќе дојдат до лесна победа.
„Во сабота играме навидум лесен натпревар, но Кристијанштад не треба да се потценува. На натпреварот со ПИК Сегед покажаа дека се незгодна, динамична екипа. Ако играме како што знаеме ќе ја оправдаме таа фаворитска улога и со победа да завршиме Лига на шампиони. Не треба да се опуштиме, досега немаме пораз и сѐ оди добро, да не ја разочараме публиката на крајот од годинава", изјави Стоилов.
Последниот меч меѓу Вардар и Кристијанштад одигран во Шведска заврши со победа на европскиот првак од 26-23. Мечот се игра во СЦ „Јане Сандански“, в сабота од 17.30 часот.