Стоилов: И кога Загреб израмни, бев сигурен дека ќе победиме

Вардар ја освои четвртата титула во СЕХА лигата и го совлада Загреб со 26-24. Беше потешко отколку во полуфиналниот двобој со Мешков Брест, но Вардар на крајот се одвои со пет голови разлика и рутински го заврши натпреварот. Капитенот Стојанче Стоилов вели дека е задоволен за одмаздата против Загреб.

„Знаевме дека ќе биде тешко, иако сите мислеа дека ќе биде лесно. Загреб го почитуваме, но мило ми е што победивме, финале е, само еден натпревар се игра. Им вративме за поразот во 2013 и ова е добра увертира за Кил“, вели Стоилов.

Загреб во вториот дел стигна до реми, имаше и напад за водство, но не го искористи. Стоилов вели дека и тогаш бил сигурен во победата.

„Ние иако го контролиравме натпреварот, беше тешко, не можевме да наметнеме свое темпо. Не мислев дека можеме да загубиме, дури и кога израмнија и имаа шанса за водство, бев сигурен дека ќе ја освоиме титулата“, заврши Стоилов.

За Вардар сега следи двомечот од Лигата на шампионите против Кил, а потоа и дуелите од макеоднскиот шампионат и Куп.