• Мартин Танасковски

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, по натпреварот против Кристијанштад изјави дека победила подобрата и поискусната екипа, во меѓусебниот дуел кој се одигра во Шведска.
„Влеговме во натпреварот со максимална почит за Кристијанштад, знаевме дека се работи за тим кој може да ни направи проблем ако не внимаваме. Не почнавме добро, тие поведоа, но ние потоа се вративме и диктиравме темпо на игра цел натпревар. Покажавме дека сме поискусни, така и го добивме мечот. Сакам да им честитам на моите соиграчи за победата и благодарност до сите што не поддржаа“, изјави Стоилов.
Стоилов во мрежата на Кристијанштад постигна еден гол, кој беше 26 во мрежата на Швеѓаните и последен за Вардар на мечот.