Стоилов: Еден бод е малку по вакви 60 минути

Ништо од првата победа за македонската репрезентација на Европското првенство во Полска. Македонија не успеа да издржи цели 60 минути и одигра нерешено против Норвешка, 31-31 (17-13). Македонските ракометари одиграа перфектни 50 минути, за потоа во последните десет да прокоцкаат највисоки +5. Разочараниот Стоилов само го потврди она што цела ракометна јавност го мисли, а тоа е дека еден бод од ваков натпревар е премалку.

„Еден бод е малку. Мислам дека требаше да победиме. Одигравме одлично прво полувреме. Нападот функционираше, голманот беше одличен. Меѓутоа, второто полувреме, како и во многу други натпревари, паднавме, дали заради умор или не знам заради што, но сепак, на крај немавме доволно концентрација за победа. Но, за разлика од претходниот меч, покажавме повеќе желба и сега ќе одиме против Белорусија на првата победа“ , изјави Стоилов по драмата со Норвешка. 

Сега следува еден слободен ден и потоа ни претстои натпреварот против Белорусија, каде ќе бркаме победа за деветто место на континенталниот собир.