• Зоран Мишевски

На почетокот делуваше загрижувачки, но испадна само „лажен аларм“. Стојанче Стоилов се пожали на болки во коленото по еден судир со Јурецки уште во раната фаза. Мораше да интервенира и лекарската служба и кратко време кружниот напаѓач помина на клупата. Но ракометарот на Вардар стегна заби и брзо се врати да им помогне на соиграчите во обидот да го комплетираат изненадувањето кое го најавија на почетокот.
Страдаше и Филип Миркуловски и кај него потребна беше интервенција, но и тој се врати уште посилен.