ВИДЕО: Стоилевски го налути Милосављев – му даде гол од МРТОВ агол!

Младото крило на Пелистер, Никола Стоилевски уште еднаш го покажа својот раскошен талент и повторно со нов фантастичен погодок ја одушеви битолската публика.

„Зелено-белите“ го загубија дуелот со моќниот Вардар (24-31), но не се посрамотија. За тоа најзаслужни се Поповиќ и Табангует, кои изведоа супер-цепелин, како и левото крило Стоилевски, кое во финишот од мечот со гол од мртов агол ги израдува битолчани, а воедно и го налути вардаровиот голман Милосављев.

  • Мајсторскиот погодок на младото крило против Вардар: 

Популарниот Никац е еден од најомилените ракометари на Пелистер, и е еден од ретките кои можат да се пофалат со фан-клуб од страна на битолските навивачи. 

Суперлига, ПЛЕЈ ОФ МАЖИ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 9 8 0 1 295:252 43 24
2 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 9 7 0 2 284:229 55 21
3 МеталургМеталург 9 5 0 4 275:274 1 15
4 Бутел СкопјеБутел Скопје 9 3 0 6 241:250 -9 9
5 ПелистерПелистер 9 2 0 7 249:279 -30 6
6 Пролет 62Пролет 62 9 2 0 7 223:283 -60 6